top of page
Search

Што симболизираат предметите присутни на венчавките во црква?

Понекогаш традициите се прифаќаат без да се прашува што означуваат и од каде точно потекнуваат. Кога се во прашање венчавките во православните цркви во Македонија и во регионот, често се гледаат свеќи, бели платна, круни, вино...

Секој од овие предмети има симболика за бракот кој се склучува пред Бога.



Бурма

Разменувањето на прстените симболизира безгранична доверба и препуштање на самиот себе на другиот. Исто така, означува и верност до крајот на животот.



Свеќи

Свеќите кои горат за време на венчавањето означуваат чистина, духовност и небесна светлина. Со помош на свеќите, младите дозволуваат да бидат благословени од Бог.


Бело платно

Обвиткувањето на рацете со бел или друг светол материјал ја симболизираат меѓусебната почит, слогата, верноста и единството на парот.



Венци или круни

Разменувањето на венчињата или круните означуваат дека нововенчаниот пар создава свое мало кралство во кое се почитува Бог и се владее мудро и праведно.


Вино

Во текот на венчавката младите пијат вино, што ја симболизира Исусовата крв. Пиењето од иста чаша означува поделена радост, но и тага, како и животна хармонија. Со тоа што делат вино, младите ветуваат дека ќе делат сè и во бракот.


97 views0 comments
bottom of page