top of page
Search

Бизарни и интересни свадбени традиции од целиот свет (втор дел)

Бизарни свадбени традиции за кои можеби не сте чуле.


Без насмевка - Конго

Многу е лошо да се насмеат невестата или младоженецот за време на свадбената церемонија. Двојката мора да остане смирена и без насмевка во текот на целата церемонија за свадбата да биде сериозно сватена.

Кражба на чевли - Индија

На нивната венчавка, кога младоженците ја започнуваат церемонијата, младоженецот ги собува чевлите пред вратата, а жените од семејството на невестата ги крадат и ги носат. Семејството на младоженецот тогаш има задача да ги пронајде скриените чевли. Ако не можат да ги најдат, младоженецот мора да плати со пари, слатки или други подароци, бидејќи не смее да замине без чевлите. Крадењето чевли има за цел да го симболизира мешањето на двете семејства и покажува како тие се подготвени да споделат цел живот љубов и среќа заедно.



Буцкаста невеста - Маурициус

Додека другите невести можат да држат диета за да ослабат за нивната венчавка, оваа традиција на венчавки става поинаков поглед на диетите. Невестите од Маурициус честопати ги испраќаат во логори со масти за да качат некое кило пред венчавката. Колку е невестата подебела, се верува дека е побогат младоженецот.


Кршење ѕвоно - Гватемала

Родителите на младоженецот им е дозволено да прават што сакаат на свадбите во Гватемала. Традиционално, тие кршат бело керамичко ѕвоно исполнето со жито за да донесат благосостојба на младенците.


Прошетка на срамот - Јамајка

Вообичаено е селаните да се наредат и да ја гледаат невеста на патот кон нејзината венчавка. Тие ќе извикуваат негативни коментари ако нејзиниот изглед не е совршен. Ако повеќето коментари се негативни, таа се враќа дома и се обидува повторно.


Пилешки црн дроб - Монголија

Друга чудна традиција е од Монголија. Монголските парови мора заедно да убијат пиле и да го прегледаат црниот дроб. Ако има добар црн дроб, парот може да одреди датум за нивната венчавка. Ако не, тие мора да продолжат со грозоморниот процес сè додека не се најде задоволителен црн дроб.


Забрането користењ тоалет-Индонезија / Малезија

Зборот „Мораториум“ е дефиниран како привремена забрана за активност или илзлегување од дома. Колективно,зборот „Мораториум“ е опишан како забрана за користење бања. Тоа е чудна свадбена традиција, во заедницата „Тидонг“, која живее на границите на Индонезија и Малезија, при што невестата и младоженецот не смеат да користат бања три дена по венчавката.

Ограничувањата кои се ставени на младенците се толку строги, тие не можат да ја напуштат куќата, да одат по голамa или мала нужда, ги следат сите 3 дена и имаат храна и пијалок во минимални количини. Се верува дека, ако обичајот не се практикува, тоа ќе донесе лоша среќа на парот со последици како што е прекин на бракот, неверство или смрт на нивните деца. По три дена, на парот им е дозволено да се вратат во нормален живот.


Киднапирање невеста - Романија

Според романската традиција, невестите се киднапираат од страна на нејзините опиени пријатели и таа е чувана на безбедна локација далеку од младоженецот, каде што е заложник. Групата потоа бара откуп за нејзино ослободување, што претежно вклучува голема колична на алкохол и јавно објавување на неговата љубов и по преговорите, парот повторно се обединува.


Две деца - Јужен Судан

Судан, земја што доживува конфликти и кризи веднаш по нејзината независност.

Во Јужен Судан, луѓето од племето „Нојер“ веруваат дека бракот вистински не започнал се додека жената не роди две деца. Ако не го стори тоа, младоженецот може да побара развод. Значи, долговечноста и силата во бракот се дефинирани од женскиот капацитет да раѓа деца.


Кршење чинии - Германија

Германците ги почитуваат и сакаат нивните традиции и ги зачувале низ многу тешки времиња. Луѓето од целиот свет претпочитаат да патуваат во Германија и да се венчаат таму заради нејзините богати обичаи и традиции. Еден таков настан е кршење чинии на подот, а обичајот е познат како „Полтерабенд“.

Гостите им подаруваат керамички садови на младенците, но кршењето чинии пред куќата во оваа пригода е нова. Според обичајот, парот го слави „Полтерабенд“ заедно со своите пријатели, кршејќи порцелан за среќа во нивниот заеднички живот и така се бркаат лоши духови.





65 views0 comments
bottom of page