top of page
Search

Македонски свадбени обичаи

Updated: Apr 4, 2023

Свадбените обичаи се главен белег на секоја свадба и она што ја прави различна.Тие се дел од традицијата на секој народ.

Кршење на погача

 

Според народните верувања,обичаите имаат за цел да ги заштитат младите, да им донесат среќа и љубов .Во Македонија, речиси секој град има барем по некој различен обичај кој се прави пред или за време на свадбата. Често младите и не знаат што мора, што треба и каде – како се изведува.

Еве дел од македонските свадбени обичаи од различни краеви како наше посебно културно богатство:


- Замесување лепче за среќа на младите ден пред свадбата. Тоа треба да биде немажено девојче од женска страна.

- Китење на куќите на младите во четвртокот пред свадбата со поставување венец на надворешната врата кој ќе стои цела година, како знак дека тоа семејство правело свадба.

- Кога доаѓаат сватовите кај невестата две девојчиња стојат пред влезот и ги китат со китенки, мажите на лева страна, а жените на десна, а тие оставаат пари.

- Сватовите и кумот прво одат во домот на младоженецот, играат ора, пеат песни, па тргнуваат по невестата.

- На вратата на невестата стојат машките членови на фамилијата кои не го пуштаат младоженецот веднаш да влезе додека не плати или не биде упорен во туркањето на вратата.Кога ќе влезе мора три пати да ја бакне невестата.


Поглед низ вереничкиот прстен

 

- Во некои краеви пред да влезе младоженецот, невестата од прозорецот или од вратата го гледа низ вереничкиот прстен три пати изговарајќи: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам!


- Откако ќе влезат младоженецот, кумот, деверот и сватовите, едно немажено девојче од женската страна треба на деверот да му врзе машна на едната рака. Кога ќе заврши со врзувањето еден од двајцата треба да биде побрз, или девојчето да му удри шлаканица на деверот или тој да ја бакне.


- Деверот ги носи невестинските чевли кои се еден број поголеми, па за да ѝ бидат точни на невестата треба да ги полни со пари.


- Невестата треба да ги дарува кумовите, старосватите, свекорот, свекрвата, деверот или золвата и некои од сватовите со подароци.


- Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.


- Над главата на младите се крши погача за среќа.


- Сите седнуваат на трпеза да наздрават, па со ора и песни ја пречекуваат невестата надвор додека ја изнесува нејзиниот татко.


- За лесно да им „оди“ во бракот, на излезот, невестата треба да шутне стаклена чаша со вода.



- Кога излегуваат од црквата свекрвата фрла по патот ориз, бонбони и парички кои треба да ги собираат мали дечиња, како симбол за богатство и благосостојба.


Ова е еден мал дел од обичаите кај нашиот народ. Во денешно модерно време се повеќе младенци ги избегнуваат овие традиции, но сепак треба да се зачуваат затоа што не треба да зборавиме кои сме и од каде потекнуваме.





2,504 views0 comments
bottom of page